Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили продолжува со одличната форма во најсилната лига на Данска, стрелајќи за својот Сондерјиске и на гостувањето против Копенхаген во дербито на 18. коло.
Сондрјиске има изненадувачка предност од 0-2 по првите 45 минути на дуелот, и тоа благодарение на Ќамили кој е еден од најдобрите поединци на теренот.
Ќамили погоди во 42. минута за водство од 0-1 на својот тим, а на 0-2 зголеми Ингасон во втората минута од судиското продолжение.
Од 23. минута во составот на Сондерјиске е и Сефер Емини, кој влезе на местото на повредениот Виндерслев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

