Ќамили погоди за победа на Сондерјиске

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили, беше стрелец на гол во победата на својот тим Сондерјиске во дуелто со Лингби, во плеј-аутот на данскиот шампионат. Ќамили успеа да погоди од пенал во 84. минута од средбата, откако влезе во игра во 63. минута.

Со тоа Сондерјиске оствари важна победа во битката за опстанокот во Данска, и сега екипата е со седум бодови подалеку од опасната зона.

Вториот македонски фудбалер во овој тим Сефер Емини, играше во почетните 11 и излезе во 63. минута, кога влезе Ќамили.

За Ќамили ова беше гол број девет во данскиот шампионат оваа сезона.

Се вчитува...