Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Лирим Ќамили, беше стрелец на гол за неговиот тим Сондерјиске во победата над Брондби со 2-0. Голгетерот влезе во вториот дел, и успеа да погоди за да стави печат на победата на својот тим против фаворитот.
За Ќамили ова беше првиот гол во новата сезона во Данска, во шестото коло од истото.
За домашниот тим играше и Сефер Емини, кој влезе во 61. минута од средбата, додека во комбинација не беше Иван Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

