Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили го постигна својот втор гол сезонава во Суперлигата на Данска, во ремито на Сондерјиске од 2-2 на гостувањето против Вејле.
Ќамили ефектно го постигна вториот погодок за својот тим во 31. минута за водство во тие моменти од 0-2 на гостите.
Но, во второто полувреме, домашните со два гола во финишот успеаја да дојдат до израмнување за конечни 2-2. Ќамили настапи до 68. минута, кога беше заменет од дефанзивецот Агер, а потоа Вејле дојде до гол за 2-2.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Николов поради повреда не настапи во дресот на Сондерјиске.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

