Ќамили промаши пенал, Емини асистираше за реми на Сондерјиске

Македонските интернационалци во главна улога за Сондерјиске во ремито против Мидтјиланд 2-2. Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили промаши пенал при 0-2, а потоа Сефер Емини беше асистент за вториот гол на гостите.

Се играше 67. минута кога Ќамили не реализираше од белата точка.

Потоа во 81. минута влезе во игра Сефер Емини. Веднаш следуваше гол за намалување, а потоа во 89. минута од средбата асистираше Емини за нерешено 2-2.

Се вчитува...