Ќамили се приклучи на Сондерјиске во Суперлигата на Данска

Новопечениот македонски репрезентативец Лирим Ќамили својата кариера ја продолжува во редовите на новиот суперлигаш во Данска, екипата на Сондерјиске.

Откако неговиот досегашен тим Хвидовре минатава сезона испадна од најсилниот дански шампионат, 25-годишниот Ќамили реализираше трансфер во Сондерјиске кој ќе се натпреварува во данската Суперлига.

Ќамили, на тој начин ја дополнува македонската колонија во Сондерјиске, приклучувајќи се на фудбалерите од средниот ред Иван Николов и Сефер Емини. Претходно во кариерата Ќамили настапуваше и за екипата на Хорсенс.

Офанзивецот веднаш по пристигнувањето веќе ги одигра и првите официјалните минути за својот нов тим во првенството на Данска.

Се вчитува...