Лирим Ќамили доби шанса од првата минута на синоќешниот дуел во Копенхаген, но напаѓачот се вклопи во целокупното сивило на нашиот национален тим на „Паркен“.
Дуелот беше специјален за Ќамили ако се знае дека тој е роден во Данска, настапува во оваа земја, а синоќа како гостин настапуваше во арената во Копенхаген.
„Беше супер-кул на самиот почеток, да излезеш под рефлекторите, да уживаш во химните на двете земји. Секако беше фантастично искуство, нешто што можеби нема да го доживеам повторно. Жалам што резултатот не беше подобар за нас, фудбалот е игра на моменти, а во случајов тие моменти беа искористени од страна на противникот. Беше интересно при прекините, слушнав еден од Данците како шепоти, велејќи дека јас ги разбирам што планираат. Јас бев фокусиран само на моите задачи, но ми падна чудно кога слушнав како зборуваат за мене“, прокоментира Ќамили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

