Камински побегна од Партизан, но останува во Евролигата

Франк Камински како големо засилување на почетокот на сезоната пристигна во Партизан, oд кој си замина како целосен неуспех.

Тој се врати во Соединетите Американски Држави пред почетокот на плеј-офот од кошаркарската Суперлига на Србија, завршувајќи го својот мандат во црно-белиот дрес.

Но, тој доби покана од друг европски клуб, Париз, кој е нов шампион во Еврокупот и затоа ќе игра во елитното натпреварување. А како решение под обрачите го гледа Франк Камински.

Поранешниот деветти пик на драфтот во НБА најпрвин ќе се обиде да најде клуб во најсилната лига на светот, но на крајот би можел да се „задоволен“ со најдобрата лига во Европа.

Француските медиуми пишуваат дека Париз има проблеми со организирање на буџетот кој според предлозите на Евролигата треба да изнесува меѓу шест и 10 милиони евра.

Се вчитува...