Френк Камински минатото лето дојде од НБА-лигата во Партизан, но американскиот центар не се снајде најдобро во таборот на „црно-белите“. Тој си замина од клубот уште пред завршувањето на сезоната, долго време беше во потрага по нов ангажман, за конечно да обезбеди потпис во НБА.
Феникс санс е тимот чии бои Камински би требало да ги брани во новата НБА-сезона откако „сонцата“ го потпишаа искусниот центар кој веќе има настапувано за овој клуб во периодот од 2019 до 2022 година.
Тој денеска потпиша договор со Феникс заедно со Мамади Диаките и Мозес Вуд, засега ќе нема загарантирано место во првата екипа, па ќе треба дополнително да се докажува пред стручниот штаб на „сонцата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА