Камп со американски тренери за развој на млади македонски играчи

Во организација на Hoops & Heritage Global Society, за прв пат во Македонија ќе се одржи кошаркарски камп со американски тренери со огромно искуство во НЦАА Дивизија 1 работа како развој на тренери со НБА играчи, меѓу кои:

Џамал Вомак, СЕО на Hoops & Heritage и директор на NY Renaissance, и Џеј Џојнер сопственик на Pinnacle Sports Group, агенција специјализирана за НИЛ.

Асистент тренери ќе бидат искусни тренери од Турција и Македонија, а на кампот ќе присуствува и претседателот на ВМБ Акдемија, Луиџи Ди Бернардо. Домаќин е Горан Зинзировски, европски амбасадор на Hoops & Heritage и генерален менаџер на ВМБ Акдемијата.

Учесниците ќе бидат распоредени во групи според возраста, а програмата се фокусира на развој на кошаркарски вештини, тимска работа, карактер, скаутинг на таленти и меѓукултурна размена, во соработка со Европската Младинска Кошаркарска Лига.

Се вчитува...