Кампања на ФФМ и УЕФА за здрав живот (ВИДЕО)

Здравјето и благосостојбата се од фундаментално значење за спортот. Во својата нова кампања, #FeelWellPlayWell, УЕФА заедно со националните асоцијации ги промовира придобивките и важноста од активниот и здрав начин на живот.

Селекторите на репрезентациите ширум Европа ги повикуваат младите да ги следат најдобрите тактики за здрав живот: да практикуваат повеќе спорт, да јадат здрава храна, да го ограничат или избегнуваат алкохолот, да не пушат и да одржуваат рамнотежа помеѓу работата и животот.

Благоја Милевски, селекторот на македонската А репрезентација прати своја порака во кампањата на УЕФА.

„Да избереме активности кои ја стимулираат нашата физичка и ментална сила!“

 

Се вчитува...