Факундо Кампацо заработи суспензија од еден натпревар и ќе мора да плати парична казна од 5.000 евра како санкција за своето однесување во финишот од дуелот меѓу Баер Минхен и Реал Мадрид.
Аргентинскиот плејмејкер презеде одговорност при последниот напад на Реал, се обиде да изнуди прекршок но не успеа, а откако домаќините ја фатијата топката Кампацо влезе во конфликт со судијата во непосредна близина на местото од каде шутираше.
Тој најпрвин доби техничка грешка, но потоа соиграчите го држеа да не влезе и во физички конфликт со арбитарот, по што следеше и исклучувачка грешка по што Кампацо мораше да се пресели во соблекувалната.
Казната значи дека одличниот плејмејкер нема да може да настапи на дуелот на домашен терен против Партизан, што на програмата е в четврток.
The foul on Campazzo – happened or not ❓
By the way
Real Madrid turned over the ball 17 times yesterday 🤯 pic.twitter.com/5HCkulftRX— Fanzonebasket (@fanzonebasket) October 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА