Кошаркарот на Црвена Звезда Факундо Кампацо, веќе донел одлука околу својата иднина. Според шпанските медиуми, Аргентинецот одлучил да си оди од Белград и да се врати во Реал Мадрид.
Веќе неколку недели трае мистеријата околу иднината на кошаркарот, а според радио „Марка“, тој веќе донел одлука да направи „кам-бек“ во таборот на „кралевите“. Потписот би требало да се официјализира во следните неколку дена.
Кампацо беше дел од Реал Мадрид шест години, од 2014 до 2020 година, од кате потоа две години играше во НБА за Далас. По враќањето во Европа потпиша за Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА