Кампацо: Изморен сум и тажен, пуштете ме да играм кошарка

Факундо Кампацо јавно побара од челниците на Евролигата да ја кренат забраната за негова регистрација, за да може да настапува за Црвена Звезда.

„Црвено-белите“ неочекувано добија санкција да не може да регистрираат нови играчи до 28 февруари иако во меѓувреме ги подмирија заостанатите плати што ги должеа, што значи дека Кампацо може да игра за АБА-шампионот само во ова натпреварување, кое е далеку под неговиот ранг и квалитет.

Црвена Звезда и без негова помош стигна до триумф на тешкото гостување против Валенсија, каде кошаркарите на белградскиот клуб се појавија со маици „Ослободете го Факу“. Кампацо се огласи веднаш по мечот, барајќи агонијата да биде прекината.

„Изморен сум и тажен поради целата ситуација. Се што барам е да ме пуштите да играм, ве молам“, напиша Кампацо на својот твитер-профил.

Се вчитува...