Црвена Звезда се бори за место во разигрувањето за титула во Евролигата. Белградскиот состав на девет кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната има биланс од 11 победи и 14 порази со што заостанува две победи зад осмото место.
Финишот на сезоната во најсилното евроспко натпреваруање носи и засилување за „црвено-белите“. Душко Ивановиќ од следниот натпревар кој е закажан за в четврток од 19 часот против Баерн Минхен може да смета на услугите на Факундо Кампацо кому досега не му беше дозволено настап поради прекршување на фер-плеј правилата.
„Имаме девет финални натпревари пред нас. Посилни ќе бидеме за Кампацо, но се останува исто. Имаме играч повеќе, но нема да ги добиеме натпреварите со тоа доколку не играме и цврсто во одбраната. Се радуваме на тоа што Кампацо ќе игра во Евролигата, но не може да очекуваме сам да победува. Само со тимски напор може да се надеваме на победи. Се додека постои математичка шанса да се најдеме во Топ 8 ќе се бориме. Не креваме раце“, вели предводникот на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА