Кампацо неизвезен за дуелот против Милано на Димитријевиќ

Кошаркарите на Реал Мадрид го започнуваат двојното коло во Евролигата против Олимпија Милано, а в петок и гостуваат на Црвена Звезда.

Екипата на Чус Матео има доста проблеми со повредите, кои не ги заобиколија ниту пред дуелот со тимот од Милано.

Тренерот на Реал на прес-конференцијата изјави дека најверојатно нема да може да смета на Факундо Кампацо и Бруно Фернандо на мечот против Милано, бидејќи тие не играа против Уникаха на натпреварот од АЦБ лигата.

„Ќе ги тестираме, но не можам со сигурност да кажам дали ќе бидат дел од тимот или не. Ќе видиме како ќе се развиваат на тренинзите и дали ќе бидат достапни“, изјави Матео. 

Се вчитува...