Легендарниот германски голман Оливер Кан кој по богатата кариера беше дел и од раководството на Баерн Минхен изјави дека најелитното натпреварување во германскиот фудбал, Бундеслигата е досадно првенство.
Според Кан таа е премногу предвидлива со оглед на тоа што баварците освоија 12 од последните 13 титули, а единствен кој успеа да им застане на патот беше Баер Леверкузен.
„За време на мојата играчка кариера Бундеслигата беше неизвесна, повеќе тимови конкурираа за титула. Како клуб со буџет од 40 милиони евра може да се натпреварува против екипа која на годишно ниво има 300 милиони евра. Пет резервни играчи на Баерн вредат повеќе отколку еден цел тим од долната третина на Бундеслигата. Имаме ситуација да Баерн во последните 13 години, 12 пати беше шампион. Лигата стана предвидлива и досадна, а на долг план тоа не е добро“, изјави Кан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

