Јавна тајна во германската спортска јавност е дека Томас Милер е крајно незадоволен од статусот што го има во Баерн Минхен и намалената минутажа откако Тухел дојде на чело на баварскиот гигант.
Германскиот ветеран се заканил и со заминување, како опција дури се споменува и трансфер кај лутиот ривал Баерн Минхен, но првиот човек на Баерн, Оливер Кан, јасно стави до знаење дека такво нешто нема да се случи.
„Милер да си замине? Ма нема никаква шанса. Дури и доколку посака такво нешто јас би му го променил мислењето. Тој е неверојатен спортист, никогаш не е повреден, дава огромен придонес на теренот и надвор од него. Не се сомневам дека ќе го гледаме Томас како игра уште многу натпревари во дресот на Баерн“, порача Кан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

