Легендарниот германски фудбалер Матијас Замер, го лоцираше проблемот во Баерн Минхен. Најтрофејниот германски клуб минатата сезона „едвај“ ја освои титулата, а тимот не доминира како што го правеше тоа во претходниот период.
Поранешниот германски репрезентативец смета дека проблемот не е во тренерот, туку во недостасок на хиерархија во соблекувалната. Смета дека Де Лихт не смее да биде исклучен од тимот, и дека тој, заедно со Кимих и со Кејн треба да бидат осовината на клубот.
„По мене еден од водачите треба да биде Матијс Де Лихт, после него Кејн. Кимих, Де Лихт, Кејн… тоа е осовината. Во ред, можеби ќе имате резултати какви што ги имате сега, но ќе имате стабилност и мир во соблекувалната. А, тоа е најважно“, рече Замер.
Тој ги коментираше директорските позиции на Оливер Кан и на Хасан Салихамиџиќ.
„Секогаш се прашував дали местото извршен директор е вистинското за Оливер. Неспорно е дека тој е победник, лидер, човек кој знае многу за фудбалот, но она што е секогаш типично за голманите – му недостасуваше голема сила на личноста. По мене работеше погрешна работа. И јас му го кажав тоа и нему, иако тој не се согласува со мене. Салихамиџиќ не е лидер. Никогаш не ни ни бил. Некогаш на терен беше голем индивидуалист, а подоцна стана тимски играч. Го ценам, но со изненадување ја примив веста дека е именуван за спортски директор. Таа позиција апсолутно не е во неговата природа. Тоа е грешна одлука“, рече Замер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

