Доминик Ливаковиќ блеска на Светското првенство во Катар и воедно е еден од „виновниците“ за одличниот настап на хрватската репрезентација и пласманот во полуфиналето. Хрватскиот голман не само што ја штити мрежата во регуларниот дел туку е и вистински ноќен кошмар при пеналите, нешто што сами осетија Јапонците и Бразилците.
Голманот на Динамо со одличните настапи го примами интересот на европските великани, а и покрај тоа што се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, германскиот клуб ја отфрли можноста за негов ангажман.
„Човекот кој го запре Бразил за мене секогаш ќе биде херој. Секоја чест за Ливаковиќ, таков голман мора да игра за врвен клуб. Не се сомневам и дека така ќе биде, но во исто време тој не е во нашата зона на интерес“, вели легендарниот голман Оливер Кан кој сега има раководна функција кај „баварците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

