Кан одби да даде оставка: Нашата цел е титулата во Германија

После очајната партија и поразот во Мајнц, „бурно“ е во Баерн Минхен. Медиумите во Германија пренесуваат дека раводството на чело со Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ се симнале во соблекувалната на Баварците и имале што да им кажат на играчите и на стручниот штаб.

Кан бил многу бесен после поразот, а германските медиуми го прашале дали ќе поднесе оставка после очајниот месец и испаѓањето од Купот на Германија и од Лигата на шампионите, како и по загрозената позиција за титулата. Тој кажал дека оставка нема да даде.

„Нашата цел е да ја освоиме титулата во Германија, а потоа со нови сили да влеземе во новата сезона“, изјавил кусо поранешниот голман на „Баварците“ кој сега ја извршува улогата извршен директор.

Се вчитува...