КАН: Суспензија од ФИФА за првиот голман на БСК поради допинг

Иако не одигра ниту еден натпревар на Купот на африкански Нации, Брегот на Слоновата Коска остана без првиот голман. Силваин Гбoхуо поради допинг е суспендиран од страна на ФИФА.

БСК во среда игра против Еквотирајлна Гвинеја, но селекторот Бумел ќе мора да бара други решенија за голманската позиција.

Гбoхуо на крајот на годината беше позитивен на триматазидин, кое се третира како стимулант по правилата на Светската анти-допинг агенција.

Суспензијата од ФИФА денеска е потврдена, а голманот приложил и жалба, но сигурно е дека ќе го пропушти првиот меч.

Се вчитува...