Канада и САД ќе играат во финалето на Лига на Нации во КОНКАКАФ

Селекциите на САД и на Канада се пласираа во второто издание на Лигата на Нации во зоната КОНКАКАФ. Бранителот на титулата САД со 3-0 го „збриша“ Мексико во полуфиналето во Невада. Мечот ќе остане запаметен по тоа што судијата Иван Бартон од Салвадор во последните 20 минути покажа дури четири црвени картони – по два на двете страни.

Головите за САД ги постигнаа Пулишиќ кој беше двоен стрелец и Пепи во 86. минута.

Во другото полуфинале Канада ја совлада Панама со 2-0. Дејвид во 25. минута и Дејвис со 70. минута му ја донесоа победата на Канада и се пласираше во финалето.

Се вчитува...