Канада повторно без ѕвездата на Голден Стејт Вориорс

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Ендрју Вигинс најверојатно повторно нема да му биде на располагање на канадскиот селектор Фернандез на ЛОИ во Париз.

Вигинс не беше достапен за канадската репрезентација на последното Светско првенство каде го освои бронзениот медал.

„Ќе видиме што ќе се случи. Тие имаа одлично лето минатата година кога се пласираа на Олимпијадата. Сите тие момци завршија одлична работа и навистина приредија шоу за целата земја. Би било чест за да играм за репрезентацијата“, истакна Вигинс.

Последен пат Вигинс носеше канадски дрес беше на квалификациите за Олимписките игри во Токио во 2020 година, каде имаше просек од 21,7 поени, шест скока и 2,3 асистенции по натпревар.

Канаѓаните во Париз ќе играат во групата А заедно со Австралија и победниците на квалификациските турнири на ФИБА во Шпанија и Грција.

Се вчитува...