Канада се повлече од Светското првенство во ватерполо

Машката ватерполо репрезентација на Канада се повлече од Светското првенство во пливачки спортови кое годинава се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Канаѓаните се повлекуваат од шампионатот поради коронавирус.

Во канадската репрезентација петорица ватерполисти се заразени со ковид-19, па поради тоа одлучено е да се повлечат поради здравјето на останатите учесници.

„По консултација со докторите и разговор со играчите донесена е одлука да се повлечеме од Светското првенство во Будимпешта“, стои во соопштението на репрезентацијата на Канада. 

Канада на мундијалот се најде во Ц групата заедно со репрезентациите на Шпанија, Италија и Јужна Африка, а по поразот од Шпанците во првото коло, нивниот меч од втората рунда против Италија беше одложен.

Се вчитува...