Репрезентацијата на Канада е последниот четвртфиналист на Мундобаскетот откако во одлучувачкиот натпревар во Групата И триумфираше против Шпанија по неверојатен пресврт со 85-88.
Шпанците три четвртини беа подобриот тим на паркетот, постојано беа во предност, но дозволија да ја загубат последната четвртина со 12-27 па доживеа пораз кој значеше и нивна елиминација од Светското првенство 2023.
Канаѓаните имаа 12 поени негатива на влезот во последниот период од играта. Но, во последната четвртина одиграа феноменално за целосен пресврт и конечна победа од 85-88. Феноменален кај Канада беше Шаи Александер со 30 поени, дополнети и со седум асистенции.
Па, Канада како првопласирана, заедно со Летонија како втора, од оваа група ќе играат во четвртфиналето, а Шпанија и Бразил го завршија натпреварувањето. Канада во четвртфиналето ќе игра против Словенија, а Летонија ќе се соочи со Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

