Новиот селектор на Канада, Џорди Фернандез, инаку асистент на Мајк Браун во Сакраменто, го соопшти списокот на репрезентацијата која ќе настапи на престојното Светско првенство.
Фернандез е подготвен да поведе „пеколна“ екипа сочинета од НБА ѕвезди во обидот и за медал на шампионатот.
На списокот се Шеј Александер, Џеј Берет, Џамал Мареј, Кајл Александер, Никел Александер-Вокер, Тре Бел-Хејнс, Ошеа Брисет, Дилон Бракс, Зек Едеј, Мелвин Едим, Кори Џозеф, Кели Олиник, Кевин Пангос, Двајт Пауел, Касиус Робертсон, Фил и Томас Скраб.
Во селекцијата е и Шеј Гилџес-Александер, кој долго време минатата сезона беше најдобар стрелец и МВП кандидат, како и НБА-шампионот и соиграч на Никола Јокиќ, Џамал Мареј.
Мундобаскетот се игра во Индонезија, Јапонија и Малезија од 25. август до 10. септември. Канада е во групата Х во која се уште и Франција, Летонија и Либан.
They are coming. For one goal. 🔥.#FIBAWC x #WinForCanada 🇨🇦 pic.twitter.com/1ubelNnxcW
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) July 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА