Канадско и американско засилување за Работнички

По репрезентативната пауза, елитната македонска кошарка се враќа во етерот престојниот викенд и тоа со нови имиња во дел од тимовите. Меѓу оние кои стигнаа до нови засилувања е и Работнички кој на средбата против Тиквеш ќе биде засилен со Џулијан Рош и Кори Мениго, двајца кошаркари кои ги покриваат високите позиции.

Канаѓанецот Рош во редовите на центарци доаѓа од грчкиот второлигаш Ниар Ист бележејќи просек од 11.9 поени, 9.7 скокови и 1.5 асистенција на 23 одиграни средби, додека Мениго од израелскиот второлигаш Отеф Даром каде на пет средби бележел 9.4 поени и 4.0 скокови. 26-годшниот Американец со себе носи и богато искуство бидејќи претходно настапувал во десет различни држави на пет различни континенти.

Двајцата доаѓаат како замена за Имран Полутак кој си замина од Работнички и Миљан Марковиќ за кого сезоната е завршена поради повреда.

Се вчитува...