Канаѓанецот Џејмс Крофорд е сензационален победник на супервелеслаломската трка на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во францускиот ски-центар, Куршевел.
Канадскиот скијач до златниот медал стигна со време од 1:07.22 минута, што беше за само еден стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Александер Омот-Килде кој конечно стигна до медал на Светските првенства, но и по денешната трка се уште нема злато од Светските првенства или Зимските олимписки игри. Бронзата му припадна на златниот од комбинацијата, Французинот, Алексис Пантуро кој доцнеше 26 стотинки зад времето на победникот.
Еден од најголемите фаворити и лидер во Светскиот куп во алпско скијање, Марко Одермат остана без медал завршувајќи на четвртата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА