Канаѓанката Мекинтош го урна светскиот рекорд на 400 метри слободно

Неверојатната млада канадска пливачка Самер Мекинтош го урна светскиот рекорд на 400 метри слободно во женска конкуренција.

Мекинтош делницата од 400 метри слободно на „канадското изборно првенство“ ја исплива за време од 3:56.08 минути, што беше за 32 стоти делови од секундата подобро од досегашното најдобро време кое беше во сопственост на Австралијката, Ариарне Титмус од 2021 година.

 

Се вчитува...