Женската хокеарска репрезентација на Канада славеше над Соединетите Американски Држави со 4-2 во класикот од 4. коло на турнирот на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Канаѓанките поведоа со голот на Џенер во 15. минута од првата третина. Американките одлично го стартуваа вториот период и со два гола на Камеранези и Карпентер стигнаа до целосен пресврт во 32. минута (2-1). Сепак, кратко траеше радоста на Американките, бидејќи Канада со три гола до крајот на втората третина на пауза замина со предност од два погодоци 2-4.
Во последната третина мируваа мрежите што значеше победа во најверојатно првиот дуел на овие две репрезентации на игрите во Пекинг, бидејќи и двете се селекции се големи фаворити повторно да се сретнат во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА