Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Холандија (5. септември) и против Гибралтар (9. септември) од циклусот за пласман на ЕП 2025.
Собирот на македонската репрезентација до 21 година е закажан за 2. септември.
На списокот на селекторот Канатларовски за двата гостински меча се наоѓаат следните 24 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – Хапоел Ерусалим (Израел)
Андреј Јовчевски – Пелитер
Филип Купанов – Брера А.П.
ОДБРАНА:
Стефан Деспотовски – Шериф Тираспол (Молдавија)
Решат Рамадани – Шкендија
Имран Фетаи – Беса
Андреј Стојчевски – Жилина (Словачка)
Ѓорѓе Џеков – Силекс
Ерен Алиевски – Трелеборг (Шведска)
Анес Мелиќи – Шкендија
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске (Данска)
Ардијан Цилафи – Сампдорија (Италија)
Хамза Рамани – Шкупи
Бесар Гуџуфи – Шкупи
Димитар Тодоровски – Брера А.П.
Ване Крстевски – Шкендија
Мартин Ѓеоргиевски – Брера А.П.
Бехар Фета – Марибор (Словенија)
Фисник Исаки – Б93 (Данска)
Михаил Талевски – Пелистер
Матеј Ангелов – Черкаси (Украина)
НАПАД:
Марио Илиевски – ЦСКА 1948 (Бугарија)
Фитон Адеми – Шкендија
Филип Трпчевски – Хакен (Шведска)
Во квалификациската група за пласман на ЕП 2025 година, нашата млада репрезентација на досегашните шест натпревари оствари две победи. Холандија има максимален учинок од седум победи. Гибралтар славеше против Молдавија на гостински терен запишувајќи ги првите три бода во групата Ц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА