Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Драган Канатларовски ги собра фудбалерите за престојните квалификациски натпревари против Србија и против Фарски Острови. Одбраните репрезентативци се појавија на собирот, а тренинзите ќе почнат утре.
Македонија до 21 година со Србија играме на 24 март на стадионот „Вождовац“, додека со Фарски Острови пет дена подоцна на Националната Арена во 18 часот.
Во моментов Македонија е на третото место на табелата во квалификациите со една победа и три ремија и шест бода, или седум помалку од Украина. И натаму е неизвено што ќе се случува со селекцијата на Украина, која требаше да игра со Ерменија и со Франција, но сигурно дека нема да бидат одиграни овие два меча. Дополнително УЕФА ќе одлучува дали и кога ќе се играат нејзините натпревари.
Прва е убедливо Франција со пет победи и едно „реми“, и со 16 бодови. Фарските Острови се со шест бода колку и Македонија, додека Србија има бод помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА