Канатларовски: Играчите го исполнија она што се договоривме, заслуживме поубедлива победа

Македонската млада репрезентација денеска во Ереван дојде до првата победа во квалификациите. Совладана беше Ерменија со 1:2.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија Драган Канатларовски, после победата, кажа дека неговите момци исполниле се што било договорено во соблекувалната, и дека на крајот Македонија требало да слави поубедлив триумф на гостувањето во Ереван.

„Игравме дисциплинирано и борбено. Она што го побарав од играчите, во целост го исполнија. Доминиравме, имавме шанси и не ги реализиравме. Мислам дека заслуживме поубедлива победа. На крајот имаше еден мал пад на концентрацијата кога го примивме голот. Во секој случај им честитам на играчите за победата, и верувам дека можеме уште подобро“, рече популарниот Цапар.

 

Се вчитува...