„Оваа репрезентација на Франција е најдобрата во нашата група. Нивните играчи играат редовно во светски клубови, а ние, реално, мака мачиме со минутажа и во домашните клубови“.
Ова го изјави селекторот на македонската млада репрезентација Драган Канатларовски по завршувањето на мечот со Франција кој се играше на „Арената“ и кој Французите го добија со 0:1 со гол кој го постигнаа по грешка на нашите фудбалери.
„Примивме гол по наша грешка. Ако не згрешевме, можеби ќе имавме шанса за нешто повеќе. Франција е силна селекција, не прими гол ниту против Србија, ниту против Украина. Едно е да се надеваме, а друга е реалната состојба“, изјави Канатларовски.
Селекторот истакна дека е задоволен од залагањето и желбата на играчите на сите натпревари.
„Оваа е генерација во создавање. Против нас имаме Украина која што има играчи кои беа светски прваци, и ние против нив одигравме 1:1. Ќе играме максимално до крај, иако мораме да мислиме и за следниот циклус, за иднината“, изјави селекторот на младата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА