Младата македонска репрезентација во Анталија на крајот на овој месец ќе одигра три пријателски натпревари, како подготовка за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024 година.
Селекторот Драган Канатларовски го објави списокот во кој има неколку дебитанти, а вели дека овие натпревари ќе бидат добродојдени за проверка на силата пред стартот на циклусот.
„Натпреварите во Анталија ќе ни бидат од голема корист за подобра подготовка за циклусот квалификации за ЕП во Словачка. Повиканите фудбалери се стандардни во оваа репрезентација во последната година и имаат сосема добра минутажа во клубовите. Василев, Ричков, Ангелов од генерацијата 2004. се дебитанти во тимот и ќе добијат прилика да го покажат квалитетот на натпреварите кои ни следуваат. Жал ми е што поради повреда го немаме Кристијан Тасевски, но заедно со стручниот штаб следиме и други фудбалери од нашето првенство кои се потенцијални репрезентативци и кои треба да ја засилат конкуренцијата“, изјави Канатларовски.
Селекторот на националниот тим се осврна и на натпреварите кои ќе бидат одиграни во Aнталија.
“Во Турција не очекуваат тешки натпревари против силни репрезентации. Финска игра сличен фудбал како Шведска, нашиот прв противник во квалификациите за ЕП. Словачка е многу квалитетна репрезентации и во последните години бележи голем напредок во младинските категории. Веќе една година работиме со оваа селекција, се надополнуваме и функционираме како тим, се надевам дека ќе успееме да го извлечеме максимумот. Целта е јасна, а тоа е да се создаде победнички менталитет и фудбалери кои ќе бидат носители на играта во А репрезентацијата на Македонија“, вели Канатларовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА