Канатларовски: Не сум задоволен, без залагање не се игра за репрезентација

Селекторот на младата репрезентација, Драган Канатларовски даде своја оцена за играта и резултатот од мечот со Косово одигран денеска.

Косовците го добија првиот од двата натпревари со 3-1, откако направија пресврт по водството на нашата селекција.

„Овој тим беш селектиран од претходно. Секако дека не сум задоволен, првото полувреме го одигравме доста коректно, но во второто полувреме одигравме катастрофално, примивме два гола од прекини, што е недозволиво. Правевме и премногу индивидиални грешки. Овој меч ни даде отворени смерници каде треба да се оди. Поправни нема, секој меч е сам посебен за себе и мора да сфатат дека за дресот со националниот грб се игра со многу повеже жар, со повеќе сила. Без залагање, и без ангажман да се игра за репрезентација, тоа е недозволиво“, рече Канатларовски.

Се вчитува...