Канатларовски остана без четворица клучни играчи за квалификациските дуели со Франција и со Србија

Македонската репрезентација до 21 година ги стартуваше подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Селекторот Драган Канатларовски се соочува со проблеми пред двата почетни дуели во квалификациите поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023.

Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.

Се вчитува...