Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски, беше задоволен од резултатот на пријателскиот дуел со Србија што попладнево се одигра во Охрид, а заврши без голови.
Македонија го имаше одличниот Денковски на голот, младиот голман одбрани и пенал во првото полувреме, за во самиот финиш да не реализира две одлични шанси за да ги освои трите бода.
„И двете страни имаа свои прилики, свои шанси за гол. Во одреден момент, посебно во првиот дел, Србите беа поконкретни што се однесува до завршницата, меѓутоа, ние со нашата желба и борбеност на крај имавме неколку стопостотни прилики за гол. Штета што не успеавме да постигнеме гол. Сепак резултатот е реален. Доколку го примевме тој гол од пенал сигурно се ќе беше поинаку. Вака добивме дополнителен мотив и желба. Се надевам дека оваа генерација ќе биде уште подобра. Првата средба од квалификациите ја игравме против силната Франција, денес игравме исто со еден од фаворитите во групата, Србија, но сметам дека ние ќе бидеме од натпревар во натпревар се подобри“, изјави Канатларовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА