Македонскиот фудбалски стратег Драган Канатларовски следната сезона би можел повторно да работи во првенството на Србија. Откако се раздели со црногорскиот Ловќен, тој е најсериозен кандидат за преземање на кормилото на Спартак Суботица. За него тоа е веќе добро позната средина, со оглед дека беше шеф на стручниот штаб на Спартак Суботица во сезоната 2013/14.
Спартак Суботица изминатава сезона ја заврпи како второпласиран во лигата за опстанок, но амбициите на клубот за следната сезона се малку поголеми. Клубот најавува борба за висок пласман и за позиции со кои би можел да се замеша за излез на европската сцена.
Канатларовски во својата тренерска кариера во Србија беше тренер и на Раднички Крагуевац и на Нови Пазар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА