Едно од најславните имиња на македонскиот фудбал, Драган Канатларовски во големо интервју за подкастот „Мои Топ 11“ опширно се осврна на својата повеќе од богата играчка кариера, но и за современите текови низ актуелните фудбалски денови.
Актуелниот селектор на младата репрезентација на Македонија, зборуваше за историските успеси со Вардар и со Црвена Звезда низ неговите играчки денови, настапите за репрезентациите на поранешна Југославија, под палката на Ивица Осим, но и за репрезентацијата на Македонија низ првите години од осамостојувањето.
Во разговорот со Небојша Петровиќ, популарниот Цапар ги избра и најдобрите 11 со кои имал можност да игра, дали во клубовите каде настапувал или во националните тимови. Покрај голманот Томислав Ивковиќ, дефанзивецот Милорад Белодедиќ, но и Роберт Просинечки, Драган Стојковиќ – Пикси, Дејан Савичевиќ, како и едно од најславните шпански фудбалски имиња, легендарниот Фран со кого играше во Депортиво Ла Коруња, во изборот на Канатларовски се и славните македонски фудбалери Дарко Панчев и Бошко Ѓуровски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА