Канаваро ќе го менува Пирло во Турција

Фабио Канаваро е еден од кандидатите за тренер на Фатих Караѓумрук, со што би го наследил Андреа Пирло кој доби отказ по завршувањето на сезоната.

Канаваро наводно е прв пик на раководството на турскиот клуб, а некогашниот стопер има искуство откако работеше во Ал-Наср, Тијанџин, Гвангжу и Беневенто. Во италијанскиот тим беше само 17 меча, и доби отказ во февруари.

49-годишниот фудбалер настапуваше во Парма, Јувентус, Реал Мадрид, Интер, а ја освои светската титула со Италија во 2006 година, кога ја освои и Златната топка.

Се вчитува...