Канаваро ќе го замени Клајверт во Турција

Легендарниот Фабио Канаваро, ќе биде нов тренер на Адана Демирспор, по заминувањето на Патрик Клајверт од клупата на турскиот тим, тврдат италијанските медиуми.

Вчера Адана ја прекина соработката со Клајверт. Таа екипа загуби во Лигата на Конференции од Осиек. За овој тим игра Јован Манев, кој е позајмен токму во Осиек.

На Клајверт му пресудија лошите резултати, имаше една победа во последните шест меча. Сега преговорите со Канаваро се пред крај.

Последен клуб на Италијанецот му беше Беневенто, а претходно ја водеше селекцијата на Кина, како и тимовите на Гвангжу, Тианџин, Ал Наср и Ал-Ахли.

Се вчитува...