Канаваро: Убаво што се номинирани пет Италијанци, но „Златната топка“ ќе ја освои Меси

Поранешниот капитен на италијанската фудбалска репрезентација и освојувач на „Златната топка“ од 2006 година, Фабио Канаваро прогнозира дека тоа признание годинава ќе му припадне на Лионел Меси.

Иако меѓу последните 30 кандидати се наоѓаат дури пет негови сонародници (Барела, Бонучи, Кијелини, Донарума и Жоржињо) тој е убеден дека признанието ќе го добие Аргентинецот.

„Немало пет номинирани Италијанци меѓу кандидатите од 2006 година кога јас ја освоив „Златната топка“. Ова е одличен знак. Жоржињо може да биде пласиран меѓу најдобрите тројца, но јас сум убеден дека наградата ќе ја освои Лионел Меси“, изјави Канаваро. 

Се вчитува...