Канаваро веднаш во Топ 10: Ова се најплатените селектори во светскиот фудбал

Фабио Канаваро ќе биде дел од СП 2026 откако легендарниот фудбалер ја прифати понудата да стане селектор на Узбекистан и да ја води оваа селекција на првото мундијалско учество во историјата.

А понудата на Узбекистанците дефинитивно биле премногу добра за да се одбие откако беше обелоденето дека Канаваро веднаш стана дел од Топ 10 листата најплатени селектори во светскиот фудбал.

Конкретно, тој се наоѓа на делба на четвртото место со плата од 4 милиони евра годишно колку што зема и Мартинез во Португалија. На врвот на оваа листа се наоѓа Карло Анчелоти, кој со загарантирани 9,5 милиони евра годишно е далеку пред Томас Тухел кој зема 5,9 милиони евра годишно од Англичаните и пред третопласираниот Јулијан Нагелсман, кој зема 4,9 милиони евра годишно како селектор на Германија.

Зад Канаваро се наоѓа Дидие Дешамп, кој како селектор на Франција има годишна плата од 3,8 милиони евра, а зад Французинот следат Биелса (Уругвај, 3,5 милиони евра), Куман (Холандија, 3 милиони евра), Алфаро (Парагвај, 2,5 милиони евра), а интересно е дека Скалони, кој е актуелен светски првак со Аргентина зема „скромни“ 2,3 милиони евра како селектор на „гаучосите“.

Се вчитува...