Канаваро за првпат во тренерската кариера ќе предводи тим од Италија

Освојувачот на „Златната топка“, Фабио Канаваро веќе почна да работи како тренер, а за првпат во кариерата ќе предводи тим од Италија. Легендарниот фудбалер е подготвен за нов предизвик, па е пред трансфер на тренерското кормило на Беневенто од Серија Б.

Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро се очекува тој и официјално да биде промовиран во нов тренер на Беневенто.

Италијанецот досега беше менаџер на клубови од Саудиска Арабија и Кина, па ова за него ќе биде прв предизвик во Европа.

Се вчитува...