Крилниот офанзивец во редовите на Глазгов ренџерс, Португалецот Даниел Сантош Кандеиаш е сигурен во пласманот на шкотскиот тим во следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа.
Глазгов, сосема јасно, е голем фаворит по оние 2-0 од Шкотска и на утрешниот реванш натпревар против Шкупи. Според Кандеиаш нема да има никаков проблем неговиот тим да ја одбрани предноста…
„Видовме дека Шкупи знае да игра фудбал. Го почитуваме противникот но ние сме во Скопје за да го обезбедиме пласманот во следната рунда натпревари. Не размислуваме на ништо друго освен елиминација на Шкупи. Секако максимално сме подготвени за тоа, и верувам дека ќе покажеме повторно на терен дека сме подобар противник“ – рече португалскиот фудбалер на прес-конференцијата на „Филип Втори“ пред утрешниот дуел кој стартува од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА