Канелјас добро ја познава Македонија: Да ги сопреме Лазаров и моќните пикери

Шпанија е четвртиот предизвик за ракометната репрезентација на Македонија на Мундијалот. „Црвената фурија“ игра како по ноти во досегашниот тек од Светското првенство, а во нивниот состав има и за нас многу добро познати лица. Жоан Канелјас, поранешниот ракометар на Вардар, ги знае квалитетите на Раул Гонзалес и на нашата селекција. Одлично детектирал и од каде доаѓа најголемата опасност по голот на Шпанците.

„Македонија е квалитетен тим. Во одбраната ќе треба да најдеме решение за нивната игра ’7 на 6’ во нападот. Клучно е да го сопреме Киро Лазаров и неговите асистенции кон моќните пикери Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски. Доколку тоа ни успее, нема да имаме проблеми. Секако, со добра одбрана потоа се отвораат и лесни голови преку противнапади“, истакна Жоан Канелјас.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра вечерва од 20.30 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.

 

Се вчитува...