Во ситуација кога во голем стил стигнаа до титулата во СЕХА, ракометарите на Вардар сосема очекувано го имаа главниот збор и при изборот на дрим-тимот на овој завршен турнир. Жоан Канелјас, кој заедно со Дибиров беше најдобар стрелец во финалето со Веспрем, беше избран за најдобар среден бек, воедно закитувајќи се и со МВП признанието.
Шпанскиот ас беше еден од четирите „вардарци“ кои се најдоа во дрим-тимот на СЕХА, заедно со Дибиров, Чупиќ и Борозан, на кои друштво ќе им прават Криштопанс, кој во следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес, како и Алиловиќ и Нилсон од Веспрем, заедно со легендарниот Ласло Наѓ кој беше избран за најдобар дефанзивец.
ДРИМ-ТИМ НА Ф4 НА СЕХА-ЛИГАТА
ГОЛМАН: Мирко Алиловиќ (Веспрем)
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)
ЛЕВ БЕК: Вуко Борозан (Вардар)
ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ (Вардар)
ДЕСЕН БЕК: Дариус Криштопанс (Мешков Брест)
СРЕДЕН БЕК: Жоан Канелјас (Вардар)
ПИВОТ: Андреас Нилсон (Веспрем)
ДЕФАНЗИВЕЦ: Ласло Наѓ (Веспрем)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА