Канелјас: Ќе протестираат, ќе притискаат и ќе ги прават нивните „хрватски“ работи

Во пресрет на финалето на Европското ракометно првенство, шпанскиот репрезентативец, Жоан Канелјас вели дека Хрватите нема да се потпираат само на ракометниот квалите туку и дека ќе користат разни „игри“ за да дојдат до целта.

„Мора да останеме сталожени затоа што Хрватите сигурно ќе притискаат, ќе протестираат и ќе ги прават оние типично „хрватски“ работи. затоа е важно да останем мирни и добро да ја одработиме нашата работа. само така можеме до победата. Овој натпревар ќе бидеп оинаков од тој што заврши реми 22-22. Хрватите ќе бидат поагресивни и ќе правати притисок на сите можни начини“ – вели Шпанецот.

Канелјас беше соиграч со двјаца хрватски репрезентативци, Карчиќ и Џиндриќ од времето за заедничкиот период во Вардар со кој дојдоа до европската титула.

 

Се вчитува...